Четириесет и четиригодишниот скопјанец З.С. вчера во полиција пријавил дека на 21 ноември околу 20,30 часот на ул. „Лука Геров“ во Скопје, неколку непознати лица извршиле разбојништво врз неговата 17-годишна ќерка.
МВР информира дека малолетничката се движела кон автобуската постојка и била пресретната од лицата, при што едно од нив извадило нож и со закана и го одзел мобилниот телефон по што го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.