Зајкова: Тежок и траорен ден за Македонија – искрено сочувство до семејствата на настраданите во Кочани

Од:

„Ниту еден човечки живот никогаш и ништо не може да го надомести, особено младиот. Тежок, тажен и траорен ден за Македонија. Од мое лично име и во име на ЛДП, изразувам искрено сочувство до семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани“, вели во својата порака со сочувство претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова, по пожарот во дискотеката Пулс во Кочани и десетиците жртви и повредени, најголем дел млади луѓе.

Нашата земја ваква трагедија не памети во својата понова историја и искрено, сакам да верувам дека ова е последен пат да се соочиме со болка и тага од ваков тип и големина.

„Навистина не постојат зборови кои би можеле да ја опишат или надоместат штетата од загубените млади животи. Нашите мисли и молитви се со нивните семејства и најблиските и стоиме на располагање за обезбедување на било каква помош и поддршка за погодените од оваа голема, огромна трагедија“, вели Зајкова, упатувајќи апел никогаш повеќе да не дозволиме корупцијата и профитот да не доведат до ваква трагедија.
Зајкова уште еднаш го потенцираше барањето на ЛДП за брза и ефикасна истрага за причините за настанувањето на овој грозоморен чин и изведување на одговорните пред лицето на правдатa.

Би можело да ве интересира

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје

Предраг Петровиќ

До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет

ЦУК: Повторно се активира пожарот во близина на КПУ Велес – Превалец

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е понапред од Украина и Молдавија

Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, адвокатка и поранешна министерка за правда, одликувана со орден „Витез од редот на Ѕвездата на Италија“

Предраг Петровиќ

Дрон предизвика пожар во складиште за нафта во Русија