До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет

Од:

На територијата на државата денеска до 18:00 часот се евидентирани вкупно 14 пожари на отворен простор од кои пет се активни, два се ставени под контрола, а седум се целосно изгаснати.

Како што информира Центарот за упраување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во Општина Илинден – село Мршевци каде гори сува трева; Општина Босилово – село Секирник гори депонија; Општина Чашка – село Војница гори нискостеблеста деградирана шума и сува трева; Општина Кавадарци – село Шивец каде гори сува трева; и Општина Штип – село Долани.

Под контрола се ставени пожарите во Општина Демир Хисар – градска депонија; Општина Кратово – село Железница (депонија).

Целосно изгаснати се пожарите во: Општина Битола – кај Католичките гробишта (сува трева); Општина Прилеп – село Мало Коњари (сува трева); Општина Прилеп – кај Средното училиште „Орде Чопела“ (ѓубре); Општина Теарце – село Непроштено (нива); Општина Гостивар – село Бањица (сува трева); Општина Гостивар – место викано Јавор, населба Питарница (сува трева); и Општина Гостивар – населба Малеадри (сува трева)

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење