Захариева: Бугарија наскоро ќе ѝ донира вакцини на Македонија

Од:

Наскоро ќе донираме вакцини за Северна Македонија, кога ќе имаме доволно количества од ЕУ, вели министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.

Таа за телевизијата БТВ изјави дека доцнењето се должело и на механизмот Ковакс, каде Бугарија е исто така учесник.

-Сега започнува редовното снабдување со вакцини од страна на ЕУ и се надевам дека наскоро ќе ја имаме оваа можност. Бугарија наскоро ќе достави вакцини во Северна Македонија, вели Захариева.

-Јас навистина сакам односите меѓу Бугарија и Северна Македонија да се вратат во нормала. Мислам дека ако ги намалиме емоциите, има начин да се најде договор, додава Захариева.

Таа ги коментираше и информациите од Северна Македонија, по објавата на тендерот за изградба на пругата до границата со Бугарија.

-Дај Боже, да има многу кандидати и да се изгради Коридорот 8, не е нормално да нема железничка врска меѓу двете земји. Осудени сме да успееме, категорична беше министерката Екатерина Захариева.

Би можело да ве интересира

Симеон Сакскобурготски: Историјата на историчарите, Македонија во ЕУ

А1он

Брод за транспорт на гас потона во Црно Море, во тек е потрага по преживеани – седум бродови потонаа за шест недели

Приведен возачот на камионот што предизвика еден од двата верижни судири во Бугарија

Фон дер Лајен: Безбедноста на Црното Море е безбедност на цела Европа

ВИДЕО: Страотен верижен судар во Бугарија, 12 загинати

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци