Загина пензионер од Неготино на автопатот кај Катланово кој одел на протест во Скопје

Од:

Загина пензионер од Неготино на автопатот кон Скопје, кога пензионери застанале на пауза одејќи на протест во главниот град. Оваа информација ја потврди за МИА, Ката Апостолова, од иницијативниот одбор на неготински пензионери.

– За жал, точно е, да. Одејќи кон Скопје, дел од нас побара пауза за тоалет. Застанавме на голем паркинг пред Катланово. Како беше, што беше, изгледа по грешка, мало невнимание, наместо како сите десно, тој тргнал лево и беше удрен од возило на автопатот. Дојдоа брза помош, полиција, обвинител, на лице место беше констатирана смрт. Беше однесен од погребална служба, а ние другите се враќаме назад, рече Апостолова, нагласувајќи дека сите пензионери се вознемирени по настанот.

Еден автобус пензионери од Неготино денеска тргнал на протест. Оваа фотографија е направена за време на патувањето, пред трагичниот настан.

Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес, засега само потврди за МИА, дека имало сообраќајка со еден загинат.

Би можело да ве интересира

Нов анекс-Договор вреден 186 милиони евра за автопатот Кичево – Охрид

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Пешаци претрчуваа на автопат во Хрватска – двајца се мртви, а двајца тешко повредени

А1он

Десетина возила учествуваа во три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар

Горан Наумовски