Деветнаесетгодишен мотоциклист им подлегна на повредите здобиени во сообраќајна несреќа што се случи на крстосницата од булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ во Скопје.
Како што информираат од МВР, во несреќата учествувале возило „ауди а4“ управувано од Н.Х.(31) од село Визбегово и два мотоцикла – „БМВ“ управуван од М.Ф.(19) и „хонда хдв“ управуван од Н.Б.(21), двајцата од Скопје.
Мотоциклистот М.Ф. се здоби со тешки повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна почина.
По наредба на јавен обвинител, возачот на автомобилот е уапсен, а увид на местото извршиja јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
Од Јавното обвинителство денеска информираа дека се издаваат наредби и насоки за расчистување на настанот.
– Извршен е увид на лице место, се издаваат наредби и насоки за расчистување на настанот. Обезбедени се снимките од видео надзор а едно лице е задржано и се постапува – велат оттаму.
