Заеви ќе донираат скафандери, визири и маски за здравствените работници

Од:

Семејството Заеви донирале 6000 чаршафи за болнички кревети, од кои 5000 чаршафи се директно предадени на Министерството за здравство, а 1000 чаршафи во болниците во Струмица, Штип и Прилеп.

Семејството набавило и скафандери, визири и маски за здравствените работници и тоа во значителни колични и веќе се на пат кон државава.

Донацијата е поддршка за персоналот и болниците кои имаат недостатоци од овој вид опрема за време на справувањето со коронавирусот, чиј пик, здравствените власти го најавуваат за крајот на овој месец.

Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Струмица вчера соопшти дека добиле донација во хуманитарни пакети е од семејството Заеви, кое освен во општина Струмица биле донирани и во другите општини во државата, а кои деновиве преку волонтерите ќе стигнат до домовите на социјално загрозените семејства.

Во ова тешко време, мора да бидеме хумани и солидарни, да помогнеме на оние на кои помошта им е најпотребна.За таа цел огромна благодарност до фамилија Заеви за помошта која ја даваат, за донираните пакети на кризниот штаб, секако и на волонтерите кои неуморно работат за да ги распределат каде што е потребно.Како волонтер, апелирам сите граѓани да бидат солидарни, сега сме си најпотребни.Ќе повторам како волонтер стојам на располагање на сите граѓани на кои им е неопходна помош и ве уверувам дека ќе го победиме ова зло.Доколку имате потреба мојот личен телефонски број е 075/207-451.Барајте ме во секое време.Можеме и ќе го победиме корона вирусот.

Posted by Kosta Kostadinov on Сабота, 04 април 2020

Во денот се подготвуваат и се дистибуираат по 500 хуманитарни пакети.

Од таму повикуваа сите компании и граѓани во рамките на нивните можности да им помогнат на семејствата кои имаат потреба од прехранбени и производи за лична хигиена.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

Орце Костов

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски