Заев за растот на БДП: Може треба и на глава да стојам за опозицијата да сфати дека економските параметри се одлични

Од:

Бруто домашниот производ во првиот квартал од 2019 година  изнесува 4,1 процент, и официјално соопшти денес премиерот Зоран Заев претставувајќи ги економските достигнувања на земјата. Тој потсети дека економскиот развој е прв приоритет на оваа Влада паралелно со евроатлантските интеграции кои исто така значат економски придобивки на државата.

„Добрите вести за нашата земја доаѓаат во серија. Денеска соопштуваме вести за економскиот развој на земјата и постигнување повисок животен стандард за сите наши граѓани. Тоа е прв приоритет на оваа Влада паралелно со евроатнантските интеграции кои истовремено, исто така значат економски придобивки на државата. Економските мерки дефинитивно даваат резултати, исто така и фискалните политики. Задоволство ми е да соопштам дека растот во првиот квартал на бруто домашниот производ изнесува 4,1 процент, што е највисокиот квартален износ во последните две години. Математички прецизно, има разлика. Разликата од пред две години е 4,1 процент. Очекуваме разликата да се зголемува, зошто во вториот квартал стапката на раст на бруто домашниот производ во 2017 година беше минус 1,8 проценти. Со оваа изразита разлика паѓаат во вода вчерашните небулози на ВМРО-ДПМНЕ дека нема напредок во економијата. Податоците ги демантираат сите нивни лажни и драматични информации. Може треба и на глава да стојам за опозицијата да сфати дека економските параметри се одлични“, рече премиерот Заев.

Тој нагласи дека Владата изминативе две години презела храбри и одлучни чекори со кои директно и индиректно ја бетонирале стабилноста на земјата.

„Процесот за потпишување на протоколот за пристапување во НАТО, како и кристално чистата препорака за отпочнување на преговори со ЕУ се исто така признание и за нашите економски политики и силен поттик за понатака“, вели премиерот.

Тој се пофали и со намалена стапка на невработеност која во првиот квартал изнесува 17,8 проценти и бележи намалување за 4,8 проценти споредено со вториот квартал од 2017 година, а отворени се 49.522 нови работни места.

Би можело да ве интересира

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година