Заев: ВМРО-ДПМНЕ злоупотреби државни институции за партиски интереси

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев како скандал ја оквалификува акцијата на полицијата за стопирање на хуманитарната помош, ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за партиска злоупотреба на државни институции и побара надлежните да спроведат истрага и да дадат одговори за настанот.

-Барам одговорност за скандалот што доцна ноќеска се случи во Струмица, каде преку злоупотреба на полиција и државни институции ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев и Христијан Мицкоски се обидоа да спречат хумана, солидарна акција за помош на моите сограѓани. Очекувам од надлежните институции да спроведат истрага и да ги посочат виновниците. ВМРО-ДПМНЕ преку полициски структури попречува хумантирна помош за граѓани преку злоупотреба на државни институции. ВМРО-ДПМНЕ со полициски режимски структури синоќа до рани утрински часови вршеше притисок и закани врз волонтери и членови на граѓанска организација, напиша Заев на ФБ.

Тој додава дека полицијата држела млади волонтери во полициска станица, им се заканувала, само затоа што, како што вели, некој добил партиска задача и му смета солидарноста.

-Тоа е одлика на нелуѓе од еден режим којшто одамна го поразивме заедно со граѓаните. И затоа таквите партиски насилници мора да сносат одговорност. Македонската и струмичката солидарност е голема и ништо нема да ја спречи, најмалку неспособната, режимска ВМРО-ДПМНЕ, нашиша Заев на ФБ.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана