Заев: Верувам дека ќе има решение за законот за ЈО, политиката не смее да ги премине црвените линии

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Владата рече дека е оптимист и дека очекува до 15 септември со консензус да биде донесен законот за јавното обвинителство.

Правдата и предметите на СЈО, рече Заев, мора да бидат осигурани. Во преговорите за законот, црвените линии кои се јасно поставени, не смеат да бидат поминати, а планот „Б“ никојпат не бил спомнат како закана.

– Знаете дека сум оптимист по многу прашања. Се надевам на решение. Не е лесно. Тешко е, се среќавааат работните групи. Но, предметите мора да бидат осигурани. СЈО како институција мора да има иднина, државата вложила пари, странски држави – пријатели помогнале. Верувам дека решението ќе го изнајдеме заедно, во соодветниот период кога е тоа возможно. Планот „Б“ никојпат не сме го спомнале како закана и воопшто не сакаме да го спомнуваме. Но, не дај боже да не осамне 16-ти. Сите ќе прашаме и сега, политичарите не се договорија, што правиме? Ќе мора да се најде решение зашто на први некој ќе треба да потпише таму плата на вработените. СЈО има мандат до 15 септември. Кое ќе биде решението? Тогаш ги гледаме актуелните закони и ќе го бараме решението, истакна Заев на прес-конференција во Владата, одговорајќи на новинарски прашања.

Ако се испрати пораката дека повторно има какво било влијание врз правдата, оцени Заев, тоа нема да биде добро за никој.

-Чесно е, како што донесовме многу реформски закони со консензус, посебно од праводсутвото, безбедноста, јавната администрација, медиумите, борбата приотив корупцијата, можеме и за ова законско решение да донесеме решение. Црвените линии се јасно поставени и верувам дека нема да дозволиме политиката да ги помине. Ако ја испратиме пораката дека пак има влијание врз правдата, политичарите нешто договориле, правдатата и предметите не се осигурани до крај, од тоа нема корист никој, ниту ние, ниту опозицијата. Какви и да им се намерите, се што работиме, мора да го соопштиме пред граѓаните и јавноста, подвлече премиерот Заев.

Би можело да ве интересира

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски