Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

Од:

Новиот бран поскапувања на основните прехранбени производи е уште еден доказ дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема стратегија за справување со растот на трошоците за живот. Додека граѓаните секојдневно плаќаат сè поскап леб, брашно, тестенини и останати основни производи, власта се крие зад статистики и празни уверувања дека инфлацијата е под контрола. Реалноста во маркетите е сосема поинаква – секое одење во продавница значи помалку пазарени производи за истите пари. Според објавените податоци, токму лебот и печивата бележат најголемо поскапување во мај, што директно ги погодува најсиромашните семејства бидејќи станува збор за основни животни намирници, велат од Левица.

– Причината не е единсвено движењето на цените глобално туку и тоа што Македонија нема сериозна политика за заштита на домашното производство, нема ефикасна контрола на пазарот и нема долгорочен план за намалување на зависноста од увоз. Наместо навремени мерки, Владата реагира дури откако штетата веќе е направена.

Потребни се конкретни решенија! Најпрво, потребна е засилена контрола од страна на Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита на конкуренцијата за да се утврди неоправдано зголемување на цените. Понатаму, власта мора да обезбеди директна поддршка за домашните земјоделци и прехранбената индустрија преку субвенции за енергенси, репроматеријали и модернизација на производството. Исто така, неопходно е формирање државен фонд за интервентни резерви на основни прехранбени производи кој би интервенирал во услови на нагли ценовни шокови. Најнакрај, нужно е зголемување на минималната плата во согласност со реалниот раст на трошоците за живот, а не според политички пресметки.

Граѓаните не можат да живеат од статистички податоци изнесени на владините прес-конференции. Тие купуваат храна со реални пари и секој ден лично сведочат како нивната куповна моќ се намалува – како осиромашуваат. Ако Владата навистина сака да им помогне на граѓаните, време е да понуди конкретни економски мерки наместо оправдувања и ветувања, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака

А1он

Левица поднесува интерпелација за министерката за енергетика Сања Божиновска

Катерина Ѓуровски

Бојанов: Советничка од Левица која е ударна тупаница на СДС, има бујна имагинација и за да ги сокрие своите врски со криминалното скопско подземје се служи со клевети и навреди

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица