Заев утре ќе провери и ќе каже дали Рашковски е надвор од земјава

Од:

Премиерот Зоран Заев вели дека не знае дали поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски е надвор од земјава. Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање поврзано со гласините кои се појавија на социјалните мрежи дека Рашковски со семејството заминал во Мексико, рече дека утре ќе провери и ќе и соопшти на јавноста.

-Верувајте, јас за сите вработени или ангажирани во Владата ниту се обидувам да имам контрола, ниту знам. Тие си имаат право на свој одмор, право на одлучување. Предмалку стигнав од Луксембург. Не знам. Денеска имав состанок само со министерот за земјоделство, преземаме одредени активности за тутунот, се слушнав и со министерот Филипче со кој подоцна ќе имам состанок за новите состојби во здравството и секако, со дел од мојот Кабинет заради тековни активности. но, јас ќе проверам уште утре и ќе ја соопштам информацијата, истакна Заев.

Како што истакна Заев одговорајќи на новинарските прашања, секој има право на одмор, но и да одлучува сам.

Рашковски со денови е тема во јавноста по информациите за набавка на софтвер за мерење просечна брзина на возилата и изрекување казни, кој за Министерството за внатрешни работи (МВР) лани во февруари го набавил Генералниот секретаријат на Владата кога тој го раководеше, а не се планира да се користи. За случајот предмет отвори Државната комисија за спречување на корупцијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Рашковски доби куќен притвор и забрана да комуницира со тројца од обвинетите во „Софтвери“

Осум години затвор за перење пари, местење тендери за Рашковски – Пресуда за „Софтвери“

Анита Петровска Рајковиќ

Рашковски за „Софтвери“: Кај мојот патент камерите може да бидат во движење

Горан Наумовски

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска