А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ДКСК отвори предмет за набавката на софтвер од Драги Рашковски, потврди Ивановска

by А1он10/03/2021 - 13:4310/03/2021 - 19:50346
Share0

Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет за набавка на софтверот од страна на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, потврди денеска претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Следете a1on на Instagram Instagram

– По изнесените информации во медиумите, денеска на нашиот колегиум отворивме предмет сметајќи дека има доволно елементи за истражување на причините за набавката на тој софтвер, од една страна и од друга страна причината зошто тој се уште не е во употреба. И, она што беше ризично од наш аспект, несоодветната комуникација меѓу институциите и отсуството на системски пристап за утврдување на потребите. Тоа беа основните елементи по кои ние постапивме и по сопствена иницијатива, а по допрен глас од медиумите отворивме предмет, објасни Ивановска, одговарајќи на новинарско прашања по заедничкиот увид во новите простории со вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски.

Согласно процедурата, нагласи таа, предметот ќе биде распореден на еден од членовите и тој понатаму ќе ги бара сите потребни информации за утврдување на состојбите.

– Кога ќе бидеме готови со целото истражување, пред јавноста ги изнесуваме нашите резултати, изјави Ивановска.

Следете a1on на Youtube YouTube

Вицепремиерот Љупчо Николовски, најави дека Владата денеска ќе ги соопшти сите детали, факти и аргументи за целокупниот случај.

– Премиерот даде одговор. Нема после премиерот да коментирам. Дадена е насока од премиерот да се истражи, сите информации и детали денеска од Владата и Генералниот секретаријат ќе бидат соопштени. Медиумите транспарентно ќе ги добијат сите информации, изјави Николовски.

dksk

Би можело да ве интересира

94 функционери казнети со по 300 евра за непријавување на имотната состојба

Предраг Петровиќ20/08/2026 - 14:38

Почина поранешниот потпретседател на ДСКС, Нури Бајрами

Горан Наумовски18/07/2026 - 12:21

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

А1он11/06/2026 - 16:3611/06/2026 - 16:41

Катерина Зајковска e избрана за нов член на ДКСК

А1он11/06/2026 - 15:23

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ

Горан Наумовски04/06/2026 - 16:58

Левица: Скандалозен избор на Зајковска за член на Антикорупциска – режимот на власт врши ротација на партиски послушници

А1он11/05/2026 - 18:5011/05/2026 - 18:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео