Заев со уште еден апел побара од Иванов да стави потпис на Закон за јазици

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш упати апел до претседателот Ѓорге Иванов да го стави својот потпис на Законот за јазиците и да овозможи непречено функционирање на демократијата во општеството.

Заев на маргините на завршната конференција на Проектот Мрежа 23+ одговарајќи на новинарско прашање кога се очекува политички договор за Законот за јазиците, како и неговото објавување во Службен весник, посочи дека на неколку средби со Иванов се обидел да го мотивира и да го поттикне да го стави потписот, бидјеќи како што кажа, преку овој закон е блокирано Собранието во својата функција.

– Тоа испраќа порака дека претседателот може да си одлучи кога сака и кој сака закон да го стави таканареченото џебно вето. Тоа не е функционална демократија. Одговорноста е преголема, рече Заев.

Тој нагласи оти треба да се повикуваат надлежните институции како Уставниот суд, но и да се обратиме и до Венецијанската комисија.

– Уставниот суд кажува што е уставно, а што не е. И ако има нешто проблематично може да се промени, рече Заев и додаде дека ако со некои закони се зголемуваат одредени права ќе можеме полесно да влеземе во вака најавуваниот процес за почеток на преговорите со ЕУ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?