Заев: Уште 100 ултиматуми, уште 10 пати вето и блокада да имаме, од јазикот не се откажуваме

Од:

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска на денешната седница на пратенички прашања, го прозва премиерот Зоран Заев зошто го сменил Александар Литовски од позицијата член на историската комисија, посочувајќи дека се сомнева оти причината била тоа што историчарот упатил јавна критика по интервјуто на Заев за БГНЕС.

Премиерот Заев објасни дека Литовски не е сменет туку сам се повлекол од позицијата од лични причини и дека останува и понатаму еден од неговите соработници.

„Тој е експерт и бил поддржувач дури и на политиките на Зоран Заев и СДСМ , но беше и критичар во еден момент, што е нормално.Да беше во едно друго време, ќе беше незамисливо некој да искритикува премиер, а да не биде сменет за 24 часа, но сега е друго, затоа што живее слободата. Влијание врз комисијата, тврдам, ниту имало и не смее да има затоа што таа Комисија е составена од професионалци, ние политичарите не сме и затоа нашиот став е историјата да ја оставиме на историчарите“ рече премиерот Заев.

Понатаму, Заев уште рече дека македонската страна не се откажува од својата позиција кон Бугарија за идентитетот и јазикот и под услов да добие уште серија блокади за влез во Европската Унија,

„За македонскиот идентитет не се преговарало ниту ќе се разговара и преговара. Може да добиеме уште 100 ултиматуми, уште 10 пати вето и блокада, на овие прашања нема да разговараме. Јас очекувам од Бугарија чисто признавање на македонскиот идентитет и јазик. Барам чисто признавање од бугарска страна на македонскиот јазик без никакви условувања. Нашиот јазик е кодифициран во 1945, а се појавил уште во 1903, тоа се факти кои се непобитни и не може да се менуваат “ одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието поставено од пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Пратенички прашања во законодавниот дом

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија