Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Од:

Потпретседателката на Собранието Весна Бендевска повторно даде еден час пауза на седницата на која треба да бидат поставувани пратенички прашања. Претходно пратеничката Илире Даути повторно побара збор за процедурална забелешка, а Бендевска констатираше дека трипати го прекршила членот 98 од Деловникот кој овозможува процедурална забелешка и ги уредува причините за кои се дава збор. Вие, и рече Бендевска на Дауити, немате забелешка на водењето на седницата, а токму за тоа служи процедуралната забелешка. Седицата треба да продолжи во 17:10 часот.

Седницата претходно беше најавено дека ќе продолжи во 16 часот, а во најавата Бендевска на почетокот на седницата информираше дека пратеничката Даути добила одговор на нејзиното поставено прашање, со што како што посочи, сите недоразбирања во претпладевниот дел на седницата, се завршени.

-​Согласно член 99, на седницата на Собранието никој не може да говори пред да добие збор од претседателот на Собранието. ​Манипулирањето со институтот процедурална забелешка мислам дека е навистина претерано, со оглед на тоа што правото за процедурална забелешка на секој пратеник завршува кога го повредува правото на друг пратеник согласно Устав да поставува прашања до претставници на Владата кои се тука тука присутни. Затоа ве замолувам да се исклучите за да почнеме да продолжиме со работа, рече Бендевска по што објави пауза до 16 часот.

Претходно, пратеничката Илире Даути од партијата Албанска лига, заедно со лидерот на партијата, Зијадин Села ја блокираа денешната седница за пратенички прашања. Даути бараше одговор за Предлог-законот за правична застапеност бидејќи се уште не добила никакво писмено објаснување од премиерот Христијан Мицкоски кому му го испратила прашањето. Истакна дека денешната седница мора да се прекине доколку не се одговори на прашањето.

Даути повеќепати процедурално бараше денеска да излезе и да ѝ одговори на одамна поставеното пратеничко прашање, потоа процедурално збор побара и пратеникот Ријад Шаќири од АА. Откако пратеничката не сакаше да ја напушти говорницата, лидерот Зијадин Села застана до неа по што Гаши даде половина час пауза за да се смири ситуацијата.

Би можело да ве интересира

Топлотен бран следните 10 дена, температурите над 40 степени

Поради Мицкоски, Македонија ги загуби европските пари од ИПА за пругата, тврдат од СДСМ

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Димитриевски од Струмица: Помина времето кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти

Предраг Петровиќ

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики