Заев: Стравував дека ќе ми заврши животот на 27 април

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска во Кривичниот суд се соочи со Илија Петрушевски, кој е обвинет за кривично дело насилство во Собранието на 27 април 2017 година.

Заев во судницата кажа дека за време на насилствата во законодавниот дом стравувал дека ќе го загуби животот.

– Очекував во секоја секунда да го изгубам животот. Чувствував страв, животот ми беше загрозен. Имав чувство кое никогаш дотогаш не сум го имал, дека ќе ми заврши животот, рече Заев.

Сепак, по извинувањето од Петрушевски, Заев кажа дека нема да бара отштета, а од судот побара да го има предвид социјалниот аспект, како и сите околности и да донесе правична одлука за она што се случило.

Премиерот во изјавата за медиумите по сведочењето истакна дека очекува правичен систем што ќе води сметка со санкцијата да се испрати порака никогаш повеќе да се не повтората дела како што беше насилството на 27 април.

– Очекувам социјалниот аспект и судот да го има во предвид, јас не побарав никаква штета ниту надомест на штета од страна на обвинетите лица во овој случај. Секако одмереноста на крајот останува на судот. За мене е многу значајно судот да дели правда имајќи ги сите овие аспекти предвид и верувам дека и граѓаните тоа го очекуваат. Нема да го вратиме ние времето. Секако ако би можеле да го вратиме тогаш најголемата добивка ќе биде да не се повтори делото односно да не го направи некој тоа. Но, имајќи предвид дека нема да го вратиме времето, можеби ние ќе останеме со нашите лузни, но да внимаваме на тоа, на децата да не оставаме лузни, заради тоа што се работи на родители на деца, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска