Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, посочи дека доколку не се донесе решение за законот за ЈО, Собранието нема да се распушти, но тоа нема да ги одложи предвремените избори.
Според него, разговорите мора да продолжат и да се донесе решение, бидејќи законот има исклучителна важност.
„Законот за мене е мнгоу важно да се гласа во Собранието. Тој тогаш може да се донесе или да не се донесе. Ако опозицијата се обидува да го минира неговото гласање, односно донесување, тогаш Собранието нема да се распушти додека не заврши процесот на изјаснување. Дел од агендата за која се договоривме сите е овие законски решенија до распишувањето на изборите ќе се изгласаат. Доколку некој го прекрши тоа, тогаш нормално дека распишувањето на изборите и распуштањето на парламетнтот нема да се случи“, рече Заев, додавајќи „Изборите се распишуваат и Собранието се распушта од 45-60 дена, што значи имаме период од 15 дена како што тоа го дава Уставот. Но, јас се надевам дека на 12 февруари ќе се распушти Собранието и ќе се распишат изборите“
Заедничката средба на парламентарните групи за законот за јавно обвинителство, нема да се одржи, поради отсуство на претставниците од ВМРО-ДПМНЕ, брифираат собраниски извори.
Министерката Рената Дескоска во текот на денот ќе има одвоени средби со партиите кои имаат амандмани за законот.