(ВИДЕО) Заев: Со укинување на Преспанскиот би го изгубиле членството во НАТО

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го повика Христијан Мицкоски да престане да зборува за укинување на Преспанскиот договор, бидејќи со тоа ја провоцира Грција.

„Како што наближуваат изборите, сегашното раководство на ВМРО ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување на Договорот од Преспа. ВМРО ДПМНЕ сака да го укине Договорот кој не донесе до полноправно членство во НАТО и на чекор до започнување на преговорите со Европската Унија“, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев, на денешната прес конференција.

ВО ЖИВО: Прес конференција на Зоран Заев, претседател на СДСМ

ВО ЖИВО: Прес конференција на Зоран Заев, претседател на СДСМ

Posted by A1on.mk on Понеделник, 20 јануари 2020

Заев на денешната прес конференција појасни што би значело за земјава поништувањето на Преспанскиот договор.

„Укинувањето на Договорот од Преспа би не вратило најмалку 25 години наназад, и би го вратило БЈРМ, односно ФИРОМ. Име со кое бевме именувани на меѓународен план, на сметка на уставното име. Тоа ќе значи автоматски укинување на нашето членство во НАТО, губење на ЕУ перспективата, изгубени милијарда евра странски ивестиции и уништување на иднината на новите генерации. Без Договорот од Преспа со сигурност ќе ослабе, а можеби и ќе исчезне и поддршката од нашите стратешки партнери. Нови блокади од Грција, нова внатрешна нестабилност и ризици за конфликти по најразлични основи, како и зголемување на севкупната нестабилност во регионот“, појасни Заев.

Toj верува дека никој не може да го промени или поништи Преспанскиот договор, но според него граѓаните мораат да знаат што значат заканите.

„Дури и заканата за мене, е сериозна причина за да испрати провокација до грчката страна. Грција денес е наш силен поддржувач во Европската комисија и во ЕУ и преку Европскиот совет. Не би сакал со било каков потег повторно да правиме непријатели од Грција“, вели Заев.

Би можело да ве интересира

Грчки дипломатски извори за АНА-МПА: Договорот од Преспа не може еднострано да се промени

Предраг Петровиќ

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Почна примената на правилата од Преспанскиот, од земјава се излегува само со Северна

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Уставниот суд едногласно одлучи да не се поведе постапка за Преспанскиот договор

А1он