Заев се сретна со Харадинај, косовскиот премиер му честитал за успешното заокружување на Договорот од Преспа

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај се сретнал денеска со премиерот Зоран Заев, на кому му честитал за, како што напиша на својата страница на Фејсбук, успешното заокружување на договорот со Грција, со кој се стави крај на спорот за името.

– Се сретнав денеска со мојот хомолог од Република Северна Македонија, Зоран Заев, кому му честитав за успешното заокружување на Преспанскиот договор, кој ѝ гарантира на соседната држава јасна евроатлантска перспектива. Косово останува посветено на градењето на еден стабилен регион и во тој правец односите со официјално Скопје се одлични, напиша Харадинај, кој објави и слики од средбата со Заев.

Ккао што изјави портпаролот на македонската Влада Миле Бошњаковски, Заев имал кратка неформална средба со премиерот Харадинај на аеродромот во Приштина, непосредно пред неговото полетување за Германија, каде ќе помине неколку слободни денови во приватен аранжман.

Би можело да ве интересира

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Србите од Косово одат во Србија на гласање, гужви на границите

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

(ВИДЕО) Момче од Косово собори Гинисов рекорд со удирање пинг-понг топче вo ѕид

А1он

ВИДЕО: Јустина Широка-Пуља е избрана за претседателка на Косово

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“