Заев се обврзува на одговорен парламент, Спасовски очекува во законските рокови да се состави Влада

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев по конститутивната седница во Собранието порача дека тој и пратениците од неговата партија се обврзуваат да градат независен и одговорен парламент. Заев вели дека сите ќе ја изразуваат волјата на граѓаните во идните четири години.

„Нашиот парламент денеска ја одржува првата, конститутивна седница со учество на народните пратеници кои ја изразуваат волјата на граѓаните кои гласаа на парламентарните избори на 15 јули. Денес се обврзуваме да градиме независен и одговорен парламент, вистински дом на демократијата на сите граѓани на Северна Македонија“, напиша Заев.

Техничкиот премиер и нов пратеник, Оливер Спасовски, пак, очекува во законските рокови да се состави новата Влада.

Конститутивната седница на 10-от собраниски состав на којашто присуствувам е нов чекор кон демократскиот развој на…

Posted by Oliver Spasovski on Вторник, 04 август 2020

„Kонститутивната седница на 10-от собраниски состав на којашто присуствувам е нов чекор кон демократскиот развој на нашата држава. Очекувам мнозинската граѓанска волја да се преточи во институциите и во уставните и законски рокови да ги добиеме новата прогресивна Влада и новиот Парламент ориентирани кон европската агенда“, напиша Спасовски.

Нашиот парламент денеска ја одржува првата, конститутивна седница со учество на народните пратеници кои ја изразуваат…

Posted by Zoran Zaev on Вторник, 04 август 2020

Претходно, со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан, ниту пак против, беа верифицирани мандатите на сите 120 пратеници, со што е избран новиот парламентарен состав.

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Спасовски: Буџетот за 2026 е насочен кон регионален развој и големи капитални проекти од суштинско значење за општините

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија