Верифицирани мандатите на сите пратеници, следуваат договори за коалицирање и состав на нова Влада

Од:

Со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан, ниту пак против, верифицирани се мандатите на сите 120 пратеници, со што е избран новиот парламентарен состав. Седницата беше прекината по изгласувањето на извештајот од Верификационата комисија, а продолжението ќе биде веројатно откако ќе бидат познати коалициите меѓу партиите, односно откако ќе се обезбеди парламентарното мнозинство. Тогаш, ќе се избираат претседатели и потпретседатели на Собранието. До изборот на нов претседател, со седницата ќе претседава претседателот во заминување, Талат Џафери.

Претседателката на Верификационата комисија, Јагода Шахпаска, посочи дека сите членови, едногласно се согласиле да се верифицираат мандатите на сите 120 пратеници.

„Разгледувајќи го извештајот од ДИК за предвремените парламентарни избори, комисијата утврди дека тие се спроведени согласно решението за спроведување на изборите. Комисијата констатира дека нема основ за оспорување на изборот на ниту еден од 120 пратеници. Верификационата комисија предлага да се верифицираат мандатите на сите пратеници“, рече Шахпаска.

На следната седница, треба да се избере и нов владин состав, кој треба да биде составена од парламентарното мнозинство.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги