Заев и Рама во посета на Мала Преспа и Пустец

Од:

Премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама денеска ќе ги посетат Македонците кои живеат во Мала Преспа и Пустец.

Во Пустец двајцата премиери ќе остварат средба со претставници на локалната самоуправа, а ќе го посетат и училиштето и ќе донираат опрема за учениците.

Владите на Република Македонија и на Република Албанија вчера во албанскиот град Подградец одржаа прва заедничка седница, на чиј дневен ред беа повеќе теми насочени кон унапредување на билатералната соработка.

– Република Македонија и Република Албанија очекуваат наредната 2018 година да ги започнат преговорите за зачленување во Европската унија, да го искористат моментот на позитивна клима во регионот за напредок во тој процес, беше пораката што ја испратија Заев и Рама на заедничката прес-конференција од Подградец.

Албанскиот премиер Рама рече дека оваа седница е потврда на издигнувањето на повисоко ниво на соработката меѓу двете држави, во интерес на двата народи.

Премиерот Заев најави одржување меѓувладина седница наредната година во Охрид или Струга.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

ВИДЕО: Опасна ескалација во Тирана, нови протести најавени за денеска

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Тирана: Демонстрантите запалија полицаец, гореше министерство, летаа камења и молотови коктели

Предраг Петровиќ

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on

(ВИДЕО) Хаос во албанскиот парламент: масовна тепачка на пратениците

ВИДЕО: Фрлен Молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама, испукани гумени куршуми

Предраг Петровиќ