Заев пристигна кај Иванов

Од:

Премиерот Зоран Заев пристигна на заедничка средба во вилата „Водно“, каде заедно со министерот за надворешни работи, Димитров ќе го информираат претседателот Ѓорге Иванов за постигнатиот договор со Грција за спорот за името.

Република Северна Македонија, ерга омнес, промена на Уставот и постепено воведување на новото име во внатрешноста на земјата, зачувување на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, е содржаното во договорот, кој вчера во телефонскиот разговор го потврдија премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас, а потоа и ја информираа јавноста во своите земји за постигнатото во обидите да се стави крај на 25-деценискиот спор.

Сега се очекува средбата на двајцата премиери, која можеби ќе се одржи викендов во Преспа и на која треба да го потпишат договор, но официјална потврда за средбата се уште нема. Договорот го поздравија сите високи претставнци на меѓународната заедница, а високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини најави дека ќе дојде на неговото потпишување.

Ципрас вчера веднаш по разговорот со Заев ги брифираше претседателот Прокопис Павлопулос и лидерите на политичките партии, а Заев телефонски го информираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а денеска заедно со Димитров ќе се сретнат со претседателот Иванов.

– За суштината на договорот и врз основа на она што за сега го знаеме и го слушнавме од господинот Ципрас, имам да го кажам само следното: Прифаќање на македонски јазик и македонска националност се неприфатлива национална отстапка, рече Мицотакис и додаде дека негов приоритет е со сите сили да придонесе грчкиот народ да остане обединет. Го повика Ципрас да не го потпише договорот.

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија