Заев: Предлог законот за јавно обвинителство е структурно и системско решение, сега и требаме сите на државата

Од:

Предлог законот за јавно обвинителство е направен политичарите да не местат обвинители, туку да биде структурно и системско решение далеку од рацете на политичарите и во функција на јакнење на независноста и реформите во правосудството и воопшто не држат тезите дека преку него некој се обидува да амнестира случаи и да скрие криминал на актуелната власт, порача денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев.

-Со законот се гарантираат сите актуелни случаи, отпочнати предистраги, истраги, судски процеси и слично без разлика за кого се однесуваат, вклучително и предметите од СЈО, но и од Обвинителството за организиран кримнал и тоа сегашни, минати а веројатно и идни предмети. Ако ВМРО-ДПМНЕ е за вакво решение јавно ги повикувам, а веројатно тоа ќе го направи и министерката за правда како лидер на работната група од наша страна, уште утре да седнат работните групи и веднаш да разговаат за се да решиме во функција и интерес на граѓаните. Во спротивно, останува само политиканство и сериозна потврда дека некој постои и функционира само за да го заташка криминалот и да ја спречи одговорноста за криминалот без разлика за кого се однесува, рече Заев во одговор на новинарско прашање при денешната посета на МАСИТ.

Тој за денешната прес-конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на која рече дека нема да учествуваат во преговорите за законот за јавно обвинителство доколку не се прифатат нивните забелешки и предлози, рече дека е резултат на инструкциите што доаѓаат од Будимпешта.

-Со барањето од опозицијата да биде предложен јавниот обвинител, Мицкоски испраќа порака дека има намера да остане во опозиција. Вака критички да се настапи за закон кој е во координација со Европската делегација, ЕУ и САД е далеку од било каква нормалност во однесувањето во вакви сериозни моменти пред кои сме исправени. Испраќам порака на сериозност – сега и требаме сите на државата. Можеме да дадеме аргумент плус за нашиот народ и на нашите пријатели – лидерите на земјите-членки на ЕУ и на Европската комисија да имаат уште еден аргумент пред следните одлуки кога ќе носат историски важни одлуки за Република Северна Македонија, потенцира Заев.

Би можело да ве интересира

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител

Се создаде атмосфера дека довербата во обвинителите е нереално ниска, вели Јовески во последното обраќање како државен обвинител

А1он

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

ВИДЕО: Политиката го крои и гостиварското обвинителство, Арслани го делат денови од победа за шефовското место

Кристијан Ландов