(ВИДЕО) Заев: Правиме се да добиеме мнозинство за Законот за ЈО

Од:

Правиме се Парламентот да работи во полн состав за да можеме да очекуваме повеќе од 80 пратеници или минималното дво-третинско мнозинство да биде обезбедено за Законот за јавно обвинителство, изјави денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Планирано е денеска веќе да има седница на Влада, посочи Заев, за да можеме да ги фатиме последните три дена, согласно законите со европско знаме и да може да завршиме навремено со распуштање на Парламентот.

– Верувам дека вечерва ќе може да се одржи седницата на Влада за да се усвои ваквото предлог законско решение и да се испрати до Парламентот, за да може утре да се сработат сите постапки во Парламентот, изјави Заев.

Во однос на можноста ВМРО-ДПМНЕ да поднесе предлог амандмани, Заев, рече дека затоа е преговарано пред усвојување на Влада, за да нема отвороње на амандмани во Парламенот на кои може да се поднесуваат предлози.

– Реков дека Парламентот може да го одложи распуштањето ако некој се обиде да направи блокирање на одредени законски решенија. Верувам дека ги отстранивме сите можности за блокирање преку амандмани со тоа што правевме напори сите заедно да разговараме уште пред усвојувањето на законот во Влада, изјави Заев.

Ги повика сите политички партии, вклучително и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на разумност и одговорност за навистина да се донесе оваа одлука.

– Создадовме решение што верувам дека заслужува консензус во Парламентот. Уште еднаш испраќам директна покана до Христијан Мицкоски и повик ВМРО-ДПМНЕ да учествува во овој закон, затоа што се што бараа во овој период низ разговорите кои две години се случуваат е веќе вградено. Имаме законско решение што дефинитивно ќе и помогне на нашата држава на патот кон ЕУ, но и дефинитивно ќе им помогне и на нашите граѓани да дочекаат правна држава, изјави Заев.

Според Заев, навистина е вредно да направиме се и да дадеме аргумент повеќе, особено кога се работи за вака историска можност за добивање датум за почеток на преговорите.

– Конечното решение ги опфаќа предлозите од работните групи. Во нив е вграден нормативот на години стаж на јавниот обвинител во ЈО, соодветната употреба на јазици во државата, сите сугестии кои дојдоа од Алијанса на Албанците, од Алтернатива, од БЕСА, сето тоа што е разговарано е веќе потврдено и вградено во самиот закон. Благодарение на независната пратеничка група се вградени механизми кои верувам дека ги ставаат сите во посигурна состојба за да име едно вакво решение, а тоа е дека незаконските прислушувани материјали во периодот 2008 – 2015 година не може да бидат основа за обвинение. Целосно е регулирано во законското решение што со предметите до 30 јуни 2017 година, што со истрагите после тоа, изјави Заев.

Влегувањето на сила на самиот закон, посочи Заев, ја потврдува обврската веднаш по конституирањето на Парламентот да го пуштиме и новиот кривичен закон, на кој работат германски експерти и е во финална фаза.

Би можело да ве интересира

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител

Се создаде атмосфера дека довербата во обвинителите е нереално ниска, вели Јовески во последното обраќање како државен обвинител

А1он

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

ВИДЕО: Политиката го крои и гостиварското обвинителство, Арслани го делат денови од победа за шефовското место

Кристијан Ландов