• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Заев: Постигната е доволно добра основа за носење на законот за јавно обвинителство

by А1он09/02/2020 - 21:39507
Share0

Вечерва е постигната доволно добра основа за да почне процедурата за носење Закон за јавно обвинителство. Очекувам Владата вечерва да заседава и да го усвои предлог-текстот на Законот за кој постигнавме широка политичка согласност. После усвојувањето од страна на Владата, Законот треба да оди во Собранието на Република Северна Македонија, каде по скратена постапка, се надевам дека ќе добие поддршка од најмалку 2/3 од пратениците, напиша вечерва на Фејсбук лидерот на СДСМ и доскорашен премиер Зоран Заев.

Добивај вести на вибер

– Усвојувањето на овој закон ќе биде голем придонес кон нашата европска интеграција и аргумент плус за Европската Унија да донесе позитивни одлуки поврзани со почетокот на преговорите на Република Северна Македонија за членство во Унијата. Она што е особено важно за сите наши граѓани, Законот ги овозможува неопходните услови за владеење на правото во нашата земја и за конечна и темелна изградба на правната држава.

Низ разговорите, кон содржината на Предлог-законот беа вградени и голем дел од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, за кои се застапуваше и се избори Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, со што се изнајде решение со кое ќе се обезбеди функционирањето на принципот на владеењето на правото согласно европските вредности и со што се создаваат услови да се овозможи фер и еднаквост на страните во постапките, а со крајна цел да се овозможи правда.

Законот гарантира дека сите судски процеси кои произлегуваат од СЈО ќе добијат своја правна разрешница пред надлежните судови, низ професионална и фер постапка, базирана на докази. Она што ни беше една од основните цели, го обезбедивме – во законот нема скриена амнестија, секој за кој постои обвинение ќе си одговара пред институциите!

Упатувам голема благодарност до Европската Унија, до САД и до Државниот јавен обвинител за нивните напори и за помошта при дефинирањето на содржината на овој Предлог-закон за јавно обвинителство. Им благодарам и на сите пратеници и сите експерти кои дадоа свој придонес и ги повикувам сите политички сили во земјата да го поддржат законското решение, за уште еднаш заедно да го потврдиме европскиот пат на нашата земја и заедно да ја потврдиме нашата стратешка определба за обезбедување правна држава, напиша Заев на Фејсбук.

jojormZaev

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 09:1027/12/2025 - 12:10

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски05/12/2025 - 12:3705/12/2025 - 13:12

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Предраг Петровиќ03/12/2025 - 22:42

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски28/11/2025 - 12:1828/11/2025 - 15:50

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Катерина Ѓуровски14/10/2025 - 12:33

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

Катерина Ѓуровски07/10/2025 - 12:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен