Заев отвора пазари и градинки за да помогне против колективната психолошка депресија

Од:

Премиерот Зоран Заев оди на отворања пазари, градинки и училишта да за да помогне против колективната психолошка депресија што ја има во државата, а на кој му укажале анализите и извештаите кои секојдневно ги следел. Тој одговарајќи на новинарско прашање, објасни дека организирањето такви настани не е дел од подготовка за локалните избори кои ќе бидат наесен туку едноставно сакал да прошири позитивна вест.

„Исклучиво сакаме да прошириме позитивна вест. Велешани чекаат триесет години затворен пазар. Ги врне секој дожд ги пече секое сонце. Се радуваат. Бевме таму да го пуштиме. Истото беше и со другите капитални проекти од областа на детската заштита, како детски градинки, училишта. Единствена цел беше да испраќаме позитивни пораки и среќна вест за граѓаните дека продолжува да се гради, дека градежниот сектор добива ангажман, граѓаните добиваат плата и сепак животот во вака тешка пандемија, продолжува. Должност ми е да применувам аспекти за секаков вид помош на граѓаните“, рече премиерот Заев и нагласи дека извештаите и психолозите барале да има позитивни настани, да се случуваат убави работи, да се зборува нешто убаво, да се прави нешто убаво.

Тој претпоставува дека пандемијата ќе трае и до крајот на годината, а ќе трае и во периодот кога се планирани локалните избори, но тој и неговиот тим се однесуваат на ист начин како што се однесувале и пред девет месеци.

„Очигледно ова ќе трае. И летото и есента и веројатно до крајот на годината, впрочем никој не може точно да каже. Животот треба да продолжи и мора да продолжи. Изборите за градоначалници ќе се случат за осум месеци. Тоа што го правиме го правевме и пред три месеци и пред седум, пред девет месеци. Не било за локалните избори“, вели премиерот Заев.

За излегувањето на јавни настани премиерот тврди дека, покрај тоа што ги чита извештаите, ги слуша неговите советници.

„Согласно тоа што моите советници го кажуваат мислам дека треба да допринесам со позитивни работи. Горчина е за секој изгубен живот, за секој нов заболен. Но истовремено сите мора да ја креираме атмосферата и да помогнеме, секој во својот сегмент“, рече премиерот Заев.

Би можело да ве интересира

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи