Заев: Опозицијата нека се надмине себеси, законот за јавно обвинителство го бараат и претставници на ЕУ

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, побара од ВМРО-ДПМНЕ да се надминат себеси и да го прифатат законското решение за јавно обвинителство кое треба да биде донесено во Собранието. Тој вели се повеќе се нагласува потребата од носење на овој закон од страна на претставници на Европската унија, а се поврзува и со отпочнување на преговорите.

„Носењето на Законот за јавното обвинителство ја гарантира европската иднина на државата, тоа е успех на правната држава. Од страна на високи претстанивници на Европската унија, се повеќе се нагласува потребата за носење на овој закон и се поврзува со датумот за отпочнување на преговори со унијата. Сите демократски капацитети на државата, се залагаат за законско решение кое ќе гарантира дека политичарите ќе бидат настрана од правосудството и дека политичарите нема да бидат обвинители. За сите актуелни случаи и предмети, вклучително и оние на СЈО, мора да се гарантира професионална и ефикасна разрешница. Незаконие и криминал мора да бидат соодветно третирани и професионално разоткривани, односно казнувани. Тоа е можно со обвинителство ослободено од политиката“, рече Заев.

Според него, пратениците, политичките партии и политичарите треба да превземат одговорност кога во прашање е правната држава и европската иднина. Тој ја повика опозицијата да се надмине себеси со прифаќање на законот, а со тоа ќе покаже дека е против криминалот.

Би можело да ве интересира

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител

Се создаде атмосфера дека довербата во обвинителите е нереално ниска, вели Јовески во последното обраќање како државен обвинител

А1он

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

ВИДЕО: Политиката го крои и гостиварското обвинителство, Арслани го делат денови од победа за шефовското место

Кристијан Ландов