Заев: Очекувам Бугарија да го надмине и реши прашањето за македонскиот јазик

Од:

Премиерот Зоран Заев вели дека Бугарија не е на чисто со признавањето на македонскиот јазик, а очекува соседната држава да го надмине ова прашање и да го признае јазикот. Ваковиот став доаѓа откако Бугарската академија на науките преку реакција вели дека повелбата за македонскиот јазик што ја усвои МАНУ содржи неточни и неприфатливи позиции кои штетат на односите меѓу двете соседни земји.

„Во Договорот со Бугарија внимателно се испишани двата народи заради идентитеските прашања, но се потпишани на македонски и бугарски јазик согласно уставите на државите. Тоа јасно покажува дека Бугарија не е на чисто со признавањето на нашиот македонски јазик. Тоа е прашање што низ имплементација на договорот треба да го решиме“, вели Заев.

Заев смета дека тој како политичар не може да ги прекине сите односи со Бугарија, потенцирајќи дека не е таков политичар.

„Ако се европејци, ако се залагаме за европската демократија, вредности и права, тоа прашање час претходно да го надминеме. Јас можам така робусно можам да кажам „готово, тука ќе прекинеме се“, но јас не сум таков политичар. Тоа не е политиката која ја водам. Низ политиката на пријателство ќе ги изнајдеме решенијата. Но, ние сме Македонци, кои зборуваат на македонски јазик. Секако сме мултиетничка земја. Ова прашање очекувам пријателска Бугарија да го надмине и реши заедно со другите прашања кои се решаваат“, додаде Заев.

Бугарскиот Институт за историски истражувања отиде најдалеку во нивниот обид за негирање на постоењето на македонскиот јазик, оценувајќи дека станува збор за „бугарски напишан на српска машина за пишување“.

Би можело да ве интересира

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Попов: МАНУ има капацитет да ѝ помогне на државата во справувањето со тешките општествени појави

Горан Наумовски

Донесен Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот стар 25 години

Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик не е и нема да биде прашање за преговори или компромиси

Меџити: Со новата медицинска опрема во МАНУ резултатите готови за еден ден

Академик Живко Попов нов претседател на МАНУ