Заев не одговори прецизно: Ќе „трча“ ли Димитриевски пак за градоначалник на Куманово?

Од:

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев попладнево не прецизираше дали актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, повторно ќе биде предложен за кандидат за градоначалник на претстојните локални избори.

На новинарско прашање, Заев рече дека Димитриевски е еден од фаворитите, но оти има и други кандидати.

– Ние сме другари социјалдемократи и секогаш во демократска процедура ги утврдуваме најдобрите меѓу нас кои по сугестија на граѓаните ќе ги понудиме како наши кандидати за советници и за градоначалници. Секако дека Максим е еден од фаворитите, но тука имаме и други кандидати, изјави Заев.

Димитриевски и неговата партија се во нарушени односи, а имаа несогласувања уште минатата година во април, кога тој се зарази со коронавирусот, заедно со уште 40 кумановци, меѓу кои и петмина члeнови на Општинскиот штаб за заштита и спасување. Тогаш се одржа и проширена седница на штабот на која присуствуваше премиерот Оливер Спасовски и тројца министри, поради што тие мораа во самоизолација. Димитриевски доби кривична пријава за прекршување на заштитните мерки против коронавирусот, која потоа беше отфрлена, а кумановскиот градоначалник бараше од партијата да му се извини.

„…Да се лоцираат одговорните лица во постапката кои од нив познати мотиви ги злоупотребија сопствените службени овластувања и креираа случај за наводно сторено кривично дело кое имаше за цел јавно да ме девалвира и дискредитира и да ја искриви вистината,“ бараше тогаш Димитриевски.

Во медиумите уште во април се шпекулираше дека СДСМ нема да го кандидира Димитриевски за уште еден мандат.

Би можело да ве интересира

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Реконструкцијата на Владата ќе биде готова до вторник, ЗНАМ ќе било посилно вели Димитриевски

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски