А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев му се јавил и му честитал на Ципрас

by А1он25/01/2019 - 17:08189
Share0

Ми се јави да ми честита, исто како што направија и други лидери, рече грчкиот премиер по ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент , одговарајќи на новинарско прашање дали разговарал со неговиот македонски колега, Зоран Заев.

Добивај вести на вибер

Во изјавата, Алексис Ципрас го повтори она што претходно го напиша на неговиот официјален Твитер профил дека денес е историски ден за Грција, бидејќи „се става крај на голем нерешен проблем што и тежеше на надворешната политика“, но е и историски ден и за Балканот.

Рече дека „денес се роди една нова земја на северната граница, Северна Македонија, која ќе биде земја пријател и сојузник на Грција“.

Ципрас им се обрати и на сите оние кои се противат на договорот велејќи дека многу брзо и самите ќе ги видат придобивките.

-Сакам да им се обратам на сите Гркинки и на сите Грци. Резултатот на денешното гласање нема победници и поразени. Особено, сакам да им се обратам на оние кои се уште имаат свои приговори, го почитуваме тоа, критикуваат, го почитуваме и тоа, да бидат сигурни дека многу брзо ќе ги видат големите придобивки од овој голем чекор напред, рече Ципрас.

Во изјавата за медиумите, грчкиот премиер им се заблагодари на сите пратеници што ја поддржаа ратификацијата, велејќи дека „следните генерации и двата народи ќе им бидат благодарни бидејќи денес ги ставаат темелите за иднина на мирен соживот, солидарност и соработка“.

-Сакам длабоко од срце да им се заблагодарам на 153-та пратеници од нашиот Парламент, кои и покрај големите притисоци, уцените, личните напади издржаа и одговорија на околностите, на националната совест, давајќи ѝ приоритет на патриотската должност, она што самите сметаа и сметаат дека е национална придобивка за нашата земја, порача грчкиот премиер.

Ciprasdogovor od prespagrcijaZaev

Би можело да ве интересира

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 10:1017/02/2026 - 10:12

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски08/02/2026 - 15:4008/02/2026 - 15:49

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски04/02/2026 - 20:2104/02/2026 - 20:45

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

Катерина Ѓуровски04/02/2026 - 09:15

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 09:35

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони

Горан Наумовски21/01/2026 - 22:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен