Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

Од:

Во однос на објектите, инфраструктурата, се преземаат вообичаените безбедносни мерки. Нема причина да создаваме чувство на поголема опасност кај граѓаните, посочи портпаролот на грчката Влада – Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите и појасни дека Владата, преку Министерството за надворешни работи, внимателно ги следи случувањата во Иран и на Блискиот Исток.

Маринакис не одговори директно дали постои загриженост за можен напад на американската база во Суда на грчкиот остров Крит, единствено повтори дека се преземаат вообичаените безбедносни мерки и упати на демантот од саботата од Министерството за национална одбрана на Грција по натписите во медиумите дека аеродромот е затворен, нагласувајќи дека „аеродромот функционира нормално“.

– Повторувам дека нема некаква причина за дополнителна загриженост и создавање клима на страв кај граѓаните. Се преземаат вообичаените безбедносни мерки. Очигледно, сите што треба да бидат во состојба на готовност се во готовност и мислам дека треба да се задржиме на она што досега е кажано, особено кога станува збор за толку чувствителни прашања во еден толку критичен период. Нема потреба да кажуваме повеќе, рече Маринакис.

Одговарајќи на прашање дали Владата е загрижена дека ситуацијата на Блискиот Исток може да има последици врз економијата, туризмот, мигрантското прашање во Грција, владиниот портпарол посочи дека се во зголемена состојба на готовност за сите прашања, но и дека сето она што се случува во светот, во изминатиот период „покажува колку е важно Грција да има стабилна влада, која со своите одлуки и на полето на надворешната политика, и во одбраната, и на економски план, ја зајакнува и ја унапредува земјата“.

Би можело да ве интересира

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

ВИДЕО: Експлозија во центарот на Атина, се урна дел од зграда