Заев: Лично му се заблагодарив на Борисов за донацијата на вакцините

Од:

Премиерот Зоран Заев вечерва на својата страница на Фејсбук напиша дека му се заблагодарил на бугарскиот премиер, на владата на Бугарија и на народот на оваа земја, откако владата во Софија, на седница на која присустуваше и македонскиот министер за здравство Венко Филипче, одлучи да ѝ донира дел од вакцините против коронавирусот на земјава.

„По одлуката за донации на вакцини, изразив благодарност лично до премиерот Борисов, до Владата на Бугарија и до бугарскиот народ за солидарниот и хуман гест и исклучителен чин на пријателство кон македонскиот народ и кон сите граѓани на Северна Македонија.

Во благодарноста на премиерот Борисов му пренесов дека донирањето на дел од вакцините кои ги набави бугарската влада е многу важно и доаѓа во исклучително тешки времиња на силен бран на коронавирусот со кој се соочуваат двата народи, двете држави и целиот свет,“ напиша Заев.

Би можело да ве интересира

Приведен возачот на камионот што предизвика еден од двата верижни судири во Бугарија

Фон дер Лајен: Безбедноста на Црното Море е безбедност на цела Европа

ВИДЕО: Страотен верижен судар во Бугарија, 12 загинати

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци

Бугарија повторно на удар на лажни дојави за бомби

А1он

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди