Заев: Ќе бидам прв по министерот Филипче за вакцинирање

Од:

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе ја прими вакцината за заштита од Ковид – 19 веднаш по министерот за здравство Венко Филипче, за кој, како лекар, смета дека треба да биде првиот функционер кој ќе се вакцинира.

Одговарајќи на новинарско прашање кој од функционерите прв ќе ја прими вакцината, тој рече дека со личен пример ќе им покаже на граѓаните дека треба да ја примат вакцината.

„Прво треба да се вакцинира здравствената комисија, нашите херои лекари, медицински сестри, здравствениот персонал, потоа хронично болните, повозрасните, па семејствата што изгубиле член од семејството. Веројатно прв треба да биде министерот Филипче, а јас ќе бидам прв по министерот за вакцинирање откако ќе поминат на ред оние што имаат приоритет. Јас сум еднаков со другите и ќе дадам личен пример за граѓаните час поскоро да се вакцинираме. Јас, моето семејство и роднините ќе се вакцинираме“, рече премиерот Заев.

Тој очекува враќање на животот во нормала кога ќе бидат вакцинирани 60 – 70 отсто од населението.

Според досегашните најави, првите 5850 вакцини од „Фајзер“ треба да стигнат во февруари. Тие се дел од договорот за набавка на 800.000 дози од оваа вакцина преку Ковакс системот, доволни за вакцинирање на 400.000 граѓани. Од истата вакцина, „Фајзер“ , 8.000 дози пред два дена најави дека за нашите граѓани ќе одвои и Србија. Министерот Филипче ги договара деталите, начинот и времето кога ќе бидат испорачани.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска