Заев: Имав средба со родителите на убиените во „Монструм“, но и со роднините на осудените

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, потврди дека пред подолго време се сретнал со родителите на загинатите деца кај Смилковско езеро, но додаде дека имал средба и со роднините на осудените. Заев изјави дека и двете страни трагаат по вистината за петкратното убиство и повтори дека СДСМ во идниот период ќе ги обелодени сите информации кои ги има за овој случај.

– Пред повеќе време имав средба со родителите на децата, но и со роднините на осудените лица. Ги ислушав сите за она по кое трагаат и морам да заклучам дека и двете страни копнеат и трагаат по вистината. Таа вистина што ја имам ќе ја обелодениме пред јавноста – изјави Заев по денешниот распит во Јавно обвинителство каде даде исказ за случајот „Пуч“.

Родителите на жртвите кај Смилковско езеро пред неколку дена изјавија за медиумите дека според нивни информации претседателот на ДУИ, Али Ахмети, и се заканувал на обвинителката која го водеше случајот, да не ги објави кодираните телефонски разговори помеѓу осудените и нарачателите на убиството.

На последната прес конференција на Бихаќка, Заев рече дека за време на велигденските празници нема да бидат обелоденувани нови бомби откако беше прашан од новинарите дали на годишнината од убиството ќе ги открие деталите што СДСМ ги поседува.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници