Заев и Ахмети на тричасовна средба: Постојат добри основи за напредок

Од:

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата „Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети и генералните секретари Љупчо Николовски и Артан Груби.

Средбата доаѓа по доделувањето на мандатот на Зоран Заев од страна на претседателот Стево Пендаровски за составување предлог за Влада со четиригодишен мандат.

Во заедничкото соопштение на двете партии се вели дека се постигнати добри основи за напредок.

„На тричасовната конструктивна и продуктивна средба постигнати се основи за напредок кој води до коалиционен договор за нова, европска Влада посветена на европските интеграции, на економијата, еднаквоста и на владеењето на правото. Разговорите меѓу двете партии ќе продолжат во текот на викендот на ниво на генерални секретари“, стои во заедничкото соопштение.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски