Заев: Етничката припадност во личните карти не е спротивна на договорот со Грција

Од:

Вметнувањето на графа за етничката припадност во личните карти не е спротивна на Преспанскиот договор, ниту пак Грција има нешто против тоа, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за Законот за лични карти.

Премиерот потсети дека станува збор за предлог на политичката партија БЕСА, и рече дека за ова барање бил даден збор уште 2018 година, кога се носеле уставните измени. Вели дека етничката припадност никаде не е забранета.

„Аргументациите на БЕСА ги разгледавме јас и тимот, и апсолутно е во корелација со Преспанскиот договор. Важно е да се почитува до крај државјанството, каде што стои: ’Македонско/Граѓани на Република Северна Македонија‘“, рече Заев.

Додаде дека етничкиот идентитет е потврден и на Македонците со Преспанскиот договор како што е потврден и македонскиот јазик и апсолутно нема никакви загрозувања на нашите интереси дома.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот