Заев: Драг полицаецу ти си голем човек

Од:

Зоран Заев на својот фејсбук профил објави статус за потегот на полицаецот кој реши да ја тргне оградата и да им дозволи на граѓаните мирно да протестираат.

За неговиот чин Заев напиша:

Драг полицаецу

Во оваа наша земја огромен е бројот на луѓето во кои живее по еден ЧОВЕК. Само малкумина од врхушката на власта го имаат убиено човекот во себе. Ти си тој од кој денес излезе на виделина најголемиот човек со големо ,,Ч“, човек со големо срце и душа, чесен човек со сите човечки особености и доблести. Ти што имаш свое име и презиме, денес се викаш ЧОВЕК, ХЕРОЈ и РОДОЉУБЕЦ. Биди горд на себе, како што со тебе се гордее цела Македонија. Ти денес го направи наголемиот, најхуманиот и највозвишениот потег што може некој да го направи, потег кој ја воскреснува надежта за подобро утре на нашата татковина. Не грижи се, нема да бидеш осамен со твојата човечност. Убеден сум дека твојот пример ќе го следат многумина и од полицијата и од администрацијата, затоа што голем е бројот на оние кои со чиста душа си ја сакаат Македонија и кои со своја глава размислуваат за својата иднина и иднината на нивните деца. Изброени се деновите на оваа режимската власт. Токму затоа, немаш причина да стравуваш за твојата иднина. Ти веројатно добро знаеш кои се и какви се оние од врвот на МВР, оние на кои си им служел. Без разлика дали ќе бидеш казнет, суспендиран или отпуштен од работа, биди сигурен дека твоето заслужено место повторно ќе те чека, но во полиција која ќе го брани народот, а не во полиција која се крева против народот. ТИ БЛАГОДАРАМ ПОЛИЦАЕЦУ. ТИ БЛАГОДАРИ ЦЕЛА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ЗНАМ: СДСМ се во длабока криза и прашање е нивниот опстанок после локалните избори

СДСМ: Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон

Кузеска: Мицкоски води теснопартиски интереси и слугува на туѓи држави