Заев: Договорот ќе биде потпишан на англиски, македонски и бугарски јазик

Од:

Договорот за добрососедство со Бугарија ќе биде потпишан во три јазични верзии англиски, македонски и бугарски. Ако биде договорен, ќе биде потпишан и на нашиот официјален македонски јазик и ќе стои потписот на премиерот на Бугарија. Тоа е важна работа за Македонија, тоа е признавање на нашиот јазик, истакна премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница одговорајќи на обвинувањата од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека се крие содржината на договорот им оти се повредуваат македонските национални и државни интереси.

dobivaj vesti na viber

– Бугарија е првата земја што ја призна Република Македонија под уставото име. Јас очекувам преку овој договор за којшто претходната власт правеше искрени напори и видов до каде се стигнати, а за што немав никогаш информации како шеф на опозицијата. Видов дека се стигнати во сериозна фаза и тоа го поздравувам. Требаше веќе да го завршиме, ги знам и разговорите и на поранешното раководство на Владата на РМ, информиран сум процедурално онака како што личи, за се. Бугарија преку овој договор сака искрено да ги тргне тегобите коишто постоеле помеѓу два соседа за да ја поддржи Македонија на својот пат кон ЕУ, рече Заев.

Нагласи дека од императивно зчаење е напредокот на Македонија кон ЕУ и НАТО.

– Бугарија ја признава нашата посебност и нема проблем со тоа, но истовремено не може да кажеме дека немаме дел од заедничка историја на Балканот овде, во Европа или слично. Да не прејудицираме нешто што би било поприлично незгодно по вакви прашања коишто се од заеднички интерес за стратешките определби зад коишто сите стоиме, а тоа се ЕУ и НАТО. Затоа да бидеме навистина внимателни, истакна претседателот на македомската Влада.

Во делот на учебниците, Заев рече дека за тоа ќе треба да се изјаснат експертите. – Ние политичарите, дајте да обезбедиме амбиент да градиме пријателство. Градејќи пријателство на оваа наша земја и требаат соседите и повеќе пријатели. Во тој дух и се обраќам да информирам дека ние можеби и ќе немаме договор. Никој не може да каже дека ќе постигнеме договор. Јас сум среќен што направивме уште еден чекор после повеќе успеши чекори коишто пред мене и пред оваа влада биле направени, рече премиерот Зоран заев од говорницата во Собранието.

Би можело да ве интересира

Кирил Петков: Нема да коалицираме со ГЕРБ и ДПС

Ана Ололовска

Паралелно пребројување на 100 отсто: ГЕРБ победи на парламентарните избори во Бугарија

Ана Ололовска

„Алфа Рисрч“: Седум партии во следниот бугарски парламент

Ана Ололовска

Социолози: Излезноста на гласачите во Бугарија е помала за 3 до 5 отсто во споредба со ноември 2021 година

Ана Ололовска

Според излезните анкети, ГЕРБ-СДС победува на предвремените парламентарни избори во Бугарија

Ана Ололовска

Излезноста на парламентарните избори во Бугарија до 16 часот е 25,58 отсто

Ана Ололовска