Заев до Меј: Најостро го осудуваме терористичкиот напад во Манчестер и се солидаризираме со граѓаните на Британија

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев упати Телеграма со сочувство до британската премиерка Тереза Меј и до граѓаните на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска по терористичкиот напад во Манчестер во кој животот го загубија над 20 лица, а има и повредени.

,,Изразувам искрено сочувство до семејствата на загинатите во терористичкиот напад во Манчестер, до државно-владиниот врв и до сите граѓани на Велика Британија, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Најостро го осудуваме ужасниот терористички акт во кој настрадаа над 20 лица, меѓу кои и млади луѓе и деца, кои се кукавички убиени во експлозијата на бомбаш самоубиец по завршувањето на концертен настан во Манчестер.

Да се посегне по терористички чин, какви што се првичните оценки, врз млади луѓе е зло врз животот, слободата, мирот и спокојот на целото човештвото.

Неопходно е уште поцврсто и поорганизирано обединување и дејствување на демократскиот свет против една од најсериозните закани на меѓународниот мир и стабилност – тероризмот.

Граѓаните на Македонија се солидаризираат со граѓаните на Велика Британија. Очекуваме целосно расветлување на терористичкиот акт и соодветна одговорност“.

Би можело да ве интересира

Жена e убиена во пукотница во Шефилд, тројца се уапсени

Маја Сиванјанам е новата амбасадорка на Велика Британија во Македонија

Иран им се закани на Велика Британија и Франција

Катерина Ѓуровски

Се создава сојуз на „северни морнарици“ за да се спротивстави на Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО Голем пожар во британската база од која американските бомбардери летаат кон Иран

Велика Британија може да се соочи со недостиг на храна

Горан Наумовски