Заев: Чулев дозволи непочитување на мерките и го загрози здравјето на граѓаните

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го обвини техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, дека дозволил граѓаните да не ги почитуваат мерките и препораките, а со тоа го загрозил нивното здравје. Поради таквото однесување на Чулев, според Заев, има зголемен број на новозаразени од коронавирусот.

„Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, дозволи непочитување на мерките и препораките и го загрози здравјето на граѓаните. Овие денови ги гледаме последиците од оваа неодговорност, имаме нов број на новозаразени од вирусот. Но, здравствените институции имаат капацитет и ќе се справат со оваа ситуација. Многу е важно да разбереме дека вирусот е тука и сите мора да ги почитуваме мерките за заштита“, рече Заев.

Тој додаде дека наместо конструктивна критика од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните биле сведоци на црни кампањи со лажни вести, клевети и инсинуации.

„За жал, како што Мицкоски се обидуваше да ги поткопа напорите да зачекориме на сигурен и стабилен пат кон ЕУ и НАТО, така сега се обидува да ги поткопува здравствените напори за борба против пандемијата, како и довербата на граѓаните во здравствениот систем. Наместо конструктивна критика од страна на опозицијата, во овие три години бевме и сè уште сме сведоци на црни кампањи со лажни вести, клевети и инсинуации“, додаде Заев.

Би можело да ве интересира

Чулев: Зградата на М – НАВ претставува објект од критична инфраструктура од исклучителна важност за функционирањето на државата, сторителите на делото треба да бидат најостро санкционирани

Предраг Петровиќ

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски