Заев-Борисов: Во минатото на нашите две земји има основа на која треба да ја градиме заедничката иднина во ЕУ

Од:

Одговорите на прашањата што се отворија меѓу нашите две земји се содржат во Договорот за добрососедство и пријателство, се согласиле премиерот Зоран Заев и неговиот бугарски колега Бојко Борисов во денешниот телефонски разговор.

-Заеднички споделивме дека поскоро треба да дојдеме до решенијата кои ќе поттикнат унапредување на односите меѓу Македонија и Бугарија и дека во минатото на нашите две земји има основа на која треба да ја градиме нашата заедничка иднина во ЕУ, напиша Заев на својот фејсбук-профил.

Денеска имав телефонски разговор со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.

Му се заблагодарив за честитките…

Posted by Zoran Zaev on Monday, 22 March 2021

Заев во телефонскиот разговор му се заблагодарил на Борисов за честитките што му ги искажал за неговиот реизбор за претседател на СДСМ, и му посакал успех на претстојните парламентарни избори во Бугарија и просперитет на бугарскиот народ.

Порака со слична содржина на својот фејсбук профил објави и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Разговарях по телефона с премиера на Република Северна Македония Zoran Zaev. Поздравих го за преизбирането му за…

Posted by Boyko Borissov on Monday, 22 March 2021

– Зборував по телефон со премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев. Му честитав за реизборот за претседател на неговата партија и тој ми посака успех на претстојните парламентарни избори во Бугарија. Двајцата се согласивме дека одлуките што двете земји мора да ги донесат во духот на Договорот за добрососедство и пријателство не смеат да се одложуваат и во име на нашата заедничка историја и во името на нашата заедничка европска иднина, наведува Борисов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

Борисов: Бугарија е во тежок период

А1он

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Борисов поднесе оставка: Се откажува од пратеничката фотелја

А1он