Заев и Борисов на одбележувањето 75 години од депортацијата на македонските Евреи

Од:

Во рамки на одбележувањето на 75. години од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка, денеска пред споменикот кај поранешниот Монопол во Скопје обраќања ќе имаат премиерот Зоран Заев, бугарскиот премиер Бојко Борисов и претседателката на Еврејската заедница во Македонија Берта Романо Николиќ, а пленарна седница ќе одржи и Собранието на Република Македонија.

Активностите во Скопје ќе започнат утринава со „Маршот на живите“ што ќе започне од пред Музејот на Град Скопје и ќе заврши кај зградата на поранешниот Монопол сега Империал Тобако. На маршот се очекува да се приклучи и премиерот Заев заедно со претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звоздиќ, кој предводи делегација во официјална посета на Македонија. Во центарот на Скопје се очекува на маршот да му се приклучи и бугарскиот премиер Борисов.

По пристигнувањето кај споменикот посветен на депоратираните 7144 Евреи, делегациите и претставниците на здруженијата на Евреите и други ќе положат цвеќе, по што ќе следуваат обрања на премиерите Заев и Борисов и претседателката на Еврејската заедница во Македонија Романо Николиќ. Потоа делегациите ќе се упатат кон Собранието на Република Македонија да ја проследат пленарната седница посветена на депортацијата на Евреите во логорот Треблинка.

Бојко Борисов е првиот бугарски премиер кој ќе учествува на одбележување на годишнина од депортацијата на Евреите од Македонија. Во официјалната бугарска делегација најавесни се и претставници на еврејската заедница во Бугарија.

На одбележувањето на 75. години од депортацијата на македонските Евреи најавено е и присуство на министерот за надворешни работи на Полска Јацек Чапутович, кој заедно со министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров ќе положат цвеќе пред споменикот депортираните Евреи.

Активностите за одбележување на 75. годишнината од Холокаустот на македонските Евреи во Втората светска војна започна вчера во Битола, Штип и Скопје.

За време на Втората светска војна од Македонија биле депортирани 7.144 Евреи и биле одведени во логорот на смртта Треблинка во окупирана Полска. Собирањето на Евреите од повеќе градови низ Македонија почнало ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година, по што биле донесени во Скопје во зградата на Монополот. Транспортот на Евреите од Македонија почнал на 22 март 1943 година, а до 29 март истата година биле депортирани сите македонски Евреи во Треблинка, од каде никој не се вратил.

Во пресрет на комеморацијата, на 5 март 2018 година Собранието на Република Македонија ја усвои Декларацијата посветена на 75-годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија. На 6 март Владата ја усвои работната дефиниција на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот за борба против антисемитизам.

Би можело да ве интересира

Жељазков: Имаме еден месец да одлучиме за иднината на рафинеријата Лукоил

Ги уби мајка му, сестра му и тетка му, па им ги запали телата

А1он

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски