Шест македонски волови направија прекуграничен проблем, влегле на бугарска територија

Од:

Шест волови од Македонија пред неколку дена ја преминале границата кај ќустендилското село Ѓуешево и влегле на бугарска територија, објави бугарскиот Бгнес.

Животните биле заловени од надлежните служби и сместени во привремен сточарски објект на општината, каде ќе останат сè додека за нивната судбина не одлучи заедничка комисија составена од бугарски и македонски институции.

Засега нема официјална потврда од македонските власти за случајот. Исто така, не е познато дали овие волови се дел од говедата што подолг период слободно се движат во регионот на Крива Паланка, што веќе предизвикува тензии меѓу локалното население и сопствениците, додека надлежните институции не успеваат целосно да го решат проблемот.

Според информациите, животните биле забележани на земјиште во атарот на селото Ѓуешево, по што градоначалничката го пријавила случајот. Потоа тие биле заловени и транспортирани во привремено сместување.

Одлуката за тоа што ќе се случи понатаму ќе ја донесе Регионалната комисија за контрола на храната, во координација со пограничните и локалните власти.

Бугарските медиуми потсетуваат на сличен случај од пред неколку години, кога крава од Бугарија преминала во Србија кај селото Олтоманци. Според европските прописи, животното требало да биде усмртено поради здравствени причини, но по реакциите на јавноста и локалното население, било поштедено.

Поради строгите правила на Европската Унија, останува неизвесно дали говедата од Македонија ќе бидат вратени назад од бугарска страна.

Би можело да ве интересира

Бугарските граѓани денес го избираат својот седми претседател

ВИДЕО: Потона бродот кој беше нападнат со три дрона во Црното Море

Катерина Ѓуровски

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Јотова со мала разлика пред Ѓуров во вториот круг на претседателските избори во Бугарија

Бугарија избира претседател

Катерина Ѓуровски

Убиен бугарскиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев: Тројца осомничени уапсени на автопат

Предраг Петровиќ