Заев: Ако ВМРО-ДПМНЕ се откаже од своето место за потпретседател, ние ќе ги следиме

Од:

Доколку ВМРО-ДПМНЕ се откаже од своето право на потпретседател во Собранието тоа ќе го стори и СДСМ. Ова на новинарско прашање денеска од Македонска Каменица го истакна претседателот на СДСМ и мандатар за составување на Влада на Република Северна Македонија, Зоран Заев кој присуствуваше на одбележувањето на Денот на градот во Македонска Каменица.

Дебатата на оваа тема според Заев била дали да има три или пет потпретседатели, поради што минатиот состав одлучи да има 5 потпретседатели.

-Ако се откаже ВМРО- ДПМНЕ, ќе се откаже и СДСМ од своето место за што ќе им се укаже шанса на помалите партии, рече тој.

-Овој пат се утврди бројката на потпретседатели и навистина и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ можат да имат по еден потпретседател, што значи дека тогаш би останале трите места и за помалите политички заедници во државата. Потпретседател на Собранието зема 100 до 150 евра поголема плата, тоа не е за големината на трошокот, веројатно затоа што имаат поголема канцеларија, но денеска секој пратеник има сопствена канцеларија, но суштината е дали го слушаме гласот на граѓанинот. Ако ВМРО-ДПМНЕ се повлече и ние ќе се повлечеме и ќе отстапиме простор на помалите еве, за да биде бројката и помала. Јас внимателно ја слушав нивната изјава, тие рекоа не го прифаќаме предлогот на Заев, тие можат да се повлечат, ќе видиме како ќе постапат, така ќе се однесуваме, поради тоа што на крајот одговорноста е на сите нас, рече Заев

Тој изрази надеж оваа генерација на политичари е првата, која вети рационализација на администрацијата.

-Токму заради штедењето на парите кои ги нема бесконечно е и наше право и обврска да кажеме каде најпотребно ќе ги релоцираме тие пари. Затоа и ги намаливме и ресорите на Владата од 26 сега се 19 министри, ќе имаме спојување на многу институции и нивна рационализација да ја покачиме ефикасноста на самата јавна администрација и на институциите кои постојат, додаде Заев од Македонска Каменица, каде со дел од идните министри присуствуваше на свеченоста по повод тројнипот празник во Општината.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара итна собраниска седница за насилството врз жените и одговорност од институциите

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка