Забрана за тешки товарни возила на патните правци Дебар-Струга и Велес-Катланово и на премините Плетвар и Ѓавато

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија пат, информираат од АМСМ.

Оттаму известуваат дека е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патните правци Дебар – Струга, Велес – Катланово и на планинските премини Плетвар и Ѓавато.

На патниот правец Струга – г.п. Ќафасан (до селото Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината на движење е ограничена на 40 километри на час.

Од АМСМ соопштуваат дека забрани за тешки товарни возила се уште има на патните правци крак Маврово-Дебар, крак Стража-Кичево и Тетово-Попова Шапка, каде што има и забрана за автобуси.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

На Табановце се чека и до 40 минути за влез и излез од државава

А1он

„Македонија пат“: Проодни се сите патни правци во државата

Горан Наумовски

АМСМ: Изменет сообраќаен режим на делницата Прилеп – Битола од Коридор 10, во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица)

Метеж на ГП „Табановце“ – за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

А1он

АМСМ: Нема подолги задржувања на граничните премини