Привремен режим на сообраќај ќе биде воведен од утре (28 октомври) на автопатот А2 делница Кичево – Охрид, во делот Пресека – Песочан до клучката Арбиново.
ЈП Македонијапат информира дека привремениот сообраќаен режим се воведува поради изведување градежни работи за санација на левиот коловоз и ќе трае до завршување на санацијата.
