Заболените од ХМЛ бараат тасигна да се стави на позитивната листа и да се овозможи доплата на гливекот

Од:

Здружението на заболени од хронична миелоична леукемија (ХМЛ) во Македонија бараат лекот тасигна да се стави на позитивната листа на лекови, да се најде законско решение да се врши доплата на гливекот, а за пациентите со имакребин и со гливек лекарите посебно да водат сметка во смисла на почести контроли на молекуларно ниво бидејќи нус ефектите се катастрофални.

Ова денеска го истакна претседателот на Здружението на заболени од ХМЛ, Пепо Леви, на прес-конференција по повод 22 Септември, Меѓународен ден на ХМЛ.

Тој посочи дека не се задоволни со промена на терапијата со купување на новиот лек имакребин наместо досегашниот етаблиран гливек.

– Сега имаме еден неиспитан лек кој се дава на заболените, а кој никој не го прима во Европа. Имакребинот е регистриран во некои европски земји, но ниту една не го дава на заболените од ХМЛ. Во една таква ситуација каде и кај оргиналниот гливек се јавуваат 15 отсто резистентни пациенти, тој број заболени кои ќе бидат резистенти сигурно ќе биде зголемен. Тоа значи дека на 80 заболени ќе имаме 12 до 15 луѓе годишно осудени на смрт. Не можеме ХМЛ да ја третираме како најобична настинка, рече Леви.

Мораме, укажа тој, да ја имаме тасигната на позитивната листа, што е основно барање на заболените од ХМЛ до Министерството за здравство.

– Имаме пациенти кои имаат многу добар одговор на гливекот. Нека се најде начин на одредени заболени кои сакаат да извршат доплата за гливек, да им се овозможи тоа. Значи треба да имаме еден дијапазон на лекови. Лекарите нека одлучуваат што е најдобро за пациентот и тоа да му се даде. Во таа смисла сакаме да седнеме да поразговараме со здравствените авторитети во Македонија, потенцира Леви.

Нагласи дека сите овие работи кои за нив се битни ги изложиле на состанокот на 16 септември со директорката на Фондот за здравствено осигурување Маја Парнарџиева Земајкова. Од Фондот, рече Леви, ни одговорија дека ќе разговараат со министерот за здравство

– Позитивната листа не фунцкионира со години. Треба да се најде некое решение како таа ќе профункционира. Министерот прави разни реформи во здравството, се тоа е добро, меѓутоа ние заболените од ХМЛ никаков бенефит не видовме од реформите во здравството, додаде Леви.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

A1on

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година

За Ковачевски, директорката на ФЗО била добар избор затоа што решила хакерски напад за само 14 дена

A1on