Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Од:

По тридневниот штрајк на вработените во Фондот за здравствено осигурување, поради одлуката за намалување на платите, донесена е одлука дека платите ќе останат со иста вредност, до 31 мај 2024 година.

Штрајкот во Фондот за здравствено осигурување се става во мирување, соопшти Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ).Одлуката е донесена по денешната седница на Управниот одбор на ФЗО.

Платите на вработените во Фондот за здравство ќе останат исти до 31 мај оваа година, пред да се прави нов ребаланс на буџетот, потврди директорот на фондот, Асаф Абдурамани.

По седницата на управниот одбор, потврдено дека штрајкот се става во мирување и сите подрачни единици ќе продолжат со работа со нормалниот обем на задачи и со сите вработени.

Синдикатот им се заблагодаруваат на сите организации од здравствениот сектор и на разбирањето на граѓаните.

-Битката е добиена, но не и војната, а по 31-ви мај очекуваме одлуката за вредноста на бодот да остане иста, во спротивно штрајкот ќе биде повторно активиран, стои во објавата.

Вработените во Фондот за здравство штрајкуваа со барање да не се намалуваат нивните плати за 21 процент. Овие два дена на шалтерите на фондот, работеше по еден вработен и примаше документи само за итни случаи. Вработените во ФЗО бараа платите годинава да им бидат во висина на декемвриската плата од 2023 година,со утврденото зголемување од 15 отсто. Според синдикатот, одлуката за платите ја чекаа 831 вработен во Фондот. Ако имаше намалување, 25 проценти ќе добиваа плата под минималната, а 25 отсто колку минималната плата.

Владата вчера Одлучи да се поништи препораката до Управниот одбор на ФЗО од 9 јануари 2024 година и е донесена нова препорака којашто се однесува на сегашната вредност на бодот за пресметка на плати, со важност од 1 јануари 2024 година до 31 мај 2024 година.

Буџетот на ФЗО е над 46 милијарда денари и од него за плати се издвојуваат 1,19 проценти

Би можело да ве интересира

Продолжува штрајкот на специјализантите: „Нема желба од Владата да се решат нашите проблеми“

Орце Костов

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

Орце Костов

(ВИДЕО) Немаме партиски, имаме крводарителски книшки: Специјализантите штрајкуваат и чекаат одлука на Влада

Орце Костов

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

Џафери: Закажани се избори, не може да се потпишат колективни договори, протестите на универзитетите се за дневни политики

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен